24-ти април, беше најемотивниот ден за нас | Гушни го Светот
Новости

24-ти април, беше најемотивниот ден за нас

После повеќе од 10 месеци на мотоцикл,поминати 30 држави на две тркала, 24-ти април беше најемотивниот ден за нас.

Конечно пристигнавме во нашата Македонија.
Благодарност до сите кои дојдоа да не гушнат, благодарност до Македонците во Австралија кои несебично ни помогнаа , благодарност до #кожувчанка , благодарност до нашиот тим од Скопје и секако благодарност до нашите пријатели кои ни помагаа кој колку може и кои веруваа дека ова може да го реализираме. Ние бевме само еден дел од мозаикот, без сите Вас, немаше да успееме.

Во наредниот период ќе работиме на реализација на останатите два континента, сигурни сме, со Ваша помош, ќе успееме да ја реализираме замислата до крај и ќе го гушнеме светот со двете раце, а Македонското знаме ќе се вее низ сите континенти во светот.

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Годишен финансиски извештај

      Во прилог го објавуваме годишниот финансиски извештај на организацијата Гушни ...

      Стигнавме “дома”

      Да, чувството тука во Перт е точно како да сме ...