20 декември 2018 година - 6 месеци на мотоцикл на пат околу светот | Гушни го Светот
Новости

20 декември 2018 година – 6 месеци на мотоцикл на пат околу светот

 

На 20 Јуни стартувавме со идејата да го заобиколиме светот со нашиот мотоцикл, под мотото “Македонија го гушка светот“. На нашиот мотоцикл бројчаникот на поминат пат за изминативе 6 месеци покажува 37.485км. Тргнавме со идејата да ја пренесеме љубовта од Македонија и гушкајќи го светот да ја искажеме сета топлина од центарот на една мала држава на Балканот. Однапред подготвени на предвидливи но и на многу повеќе непредвидливи настани. Тргнавме со буџет со кој одамна ќе требаше да се вратиме, но, продолжуваме и докажуваме дека силата на идејата и енергијата од љубовта која ја шириме низ земјите низ кои досега поминавме е посилна од моќтта на парите. Шест месеци се соочуваме со разни доживувања, кои, за некои наликуваат на туристичка атракција во која влегле милионери, кои, ете, незнаејќи каде да поарчат пари решиле да се возицкаат низ светот, на некои наши следачи ова наше патување им наликува повеќе на уживање, одошто, на соочување со секојденвни предизвици, кои, често пати ги решаваме, баш Робинзоно Крусовски, гладни, изнемшотени, спиење без сон, или сон без спиење. Ги разбираме луѓето и секој има право на свој начин да гледа кон ова наше патување…

Но, ние продолжуваме, затоа што имаме доволно верба, љубов и храброст за да направиме нешто што ќе се памети, што ќе се раскажува, што на еден исклучително позитивен начин ќе ја афирмира и Македонија. Решивме да го правиме тоа на овој начин, со скромната месечна помош на нашиот спонзор #кожувчанка, нашата земја да ја претставиме во најдобро светло што можеме, па иако, многу пати сме уморни, останати без пари, исплашени, ама не се откажуваме од идејата да ја рашириме љубовта во светот и да го гушнеме, да ја реализираме до крај…

Можеби е потешко од она на што се надевавме, тргнавме да го направиме она што мислиме дека е исправно и ќе одиме до крај, додека не’ има…

Нашата приказна полека но сигуроно се шири низ светот, и, очекуваме се поголема подршка, на секаков план, на ваква помош и соработка досега наидувавме од мото клубовите, од поединци, од фирми, од непознати кои преку ноќ ти стануваат семејство…

Следуваат нови месеци на нови искушенија, авантури и предизвици, ама, вам почитувани следачи на ФБ и другите социјални мрежи, секогаш ќе ви ја испраќаме убавата слика од овие наши патешествија и нема да ве оптоваруваме со детали, за тоа, дека, 6 месеци секојдневно пакување и распакување, неизвесност каде и дали ќе има време да се преноќи, каде и дали ќе има што да јадеме, каде ќе не стегне грч во стомакот, болки во забите, воспаление на увото, каде ќе се искапеме, каде и колку ќе чекаме за виза за следната дестинација. 5 месеци сме во Азија, континент што е многу поразличен од нашиот. Продолжуваме понатаму…

Секоја и сечија подршка ни е добредојдена.

 

Благодариме,

Силве & Тони…

 

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      24-ти април, беше најемотивниот ден за нас

      После повеќе од 10 месеци на мотоцикл,поминати 30 држави на ...

      Годишен финансиски извештај

      Во прилог го објавуваме годишниот финансиски извештај на организацијата Гушни ...