Јава, прекрасно место со навистина посебен народ | Гушни го Светот
Новости

Јава, прекрасно место со навистина посебен народ

Јава е навистина преубава со многу добар народ како што веќе спомнавме повеќе пати.
За жал скоро никој не чул за Македонија, а кога ќе објасниме каде е Македонија, шокирани се од кај возиме.

Многу пати не прашуваат кај се другите мотори од групата, а кога ќе одговориме дека сме сами, прашуваат кај е нашето пратечко возило. Кога и на тоа одговараме дека немаме пратечко возило е тогаш се во вистински шок.

Ни раскажуваа за двајца Пољаци кои ја шетале Азија, пред две години, ама со нив имале пратечко возило. (комбе) Тогаш сите реагираат на истиот начин, ни даваат телефонски број да ги побараме ако имаме било каков проблем. Тоа прави да се чувствуваме, како да не сме сами.


#гушнигосветот
#embracetheworld

 

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Стигнавме “дома”

      Да, чувството тука во Перт е точно како да сме ...

      Збогум Индонезија!

      Вчера беше еден од најтешките денови откако сме тргнале, а ...