После пет месеци и 30.500км поминати.. | Гушни го Светот
Новости

После пет месеци и 30.500км поминати..

На денешен ден, пред точно 5 месеци, го напуштивме својот топол дом и тргнавме на пат да го прегрнеме светот. Километражата на нашиот мотоцикл покажува изминати 30.500 kм.

Илјадници прегрнати луѓе од најразлични вери и нации, илјадници раскажувања за една мала балканска земја, за мирољубивоста и топлината на нашата Македонија и милиони луѓе на кои нашето знаме ќе им остане во сеќавање како се виори по нивните патишта.

Многу непредвидени ситуации, лоши временски услови, лоши патишта и запознавање на стотици нови луѓе кои секој на свој начин се потрудија да ни го олеснат патувањето. Секако тука е и нашиот тим од Македонија кој не подржува и будно не следи и ни пружа безусловна помош.

После 5 месеци заклучокот е ист, на светот му е потребна љубов.
Ние и понатаму ќе продолжиме да ја пренесуваме љубовта од нашата Македонија.

 

 

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Стигнавме “дома”

      Да, чувството тука во Перт е точно како да сме ...

      Збогум Индонезија!

      Вчера беше еден од најтешките денови откако сме тргнале, а ...