Бензиска станица | Гушни го Светот
Новости

Бензиска станица

Минатата ноќ не пресретна некаде на 50 км. од Палембанг – jужна Суматра.
Кога возевме во северна Суматра имавме информација дека патиштата се подобри во јужна Суматра. Едвај чекавме да влеземе во јужна Суматра и шок. Патиштата се многу полоши, а сообраќајот уште по густ.

Застанавме на бензинска станица, бидејќи се спремаше невреме и во разговор со вработениот му кажавме дека целта за тој ден ни е Палембанг. Ни кажа дека е лудост во такви услови да возиме 4 часа. (толку е потребно да се поминат само 50 км)

Прашавме за сместување, ама кажа дека во селото нема и ни предложи да преноќиме на бензинската. Прифативме, но немаше маркет, а ние ни вода за пиење, па прати едно момче од вработените да ни купи вода.

Така ја поминавме минатата ноќ, на бензиска покрај патот.

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      24-ти април, беше најемотивниот ден за нас

      После повеќе од 10 месеци на мотоцикл,поминати 30 држави на ...

      Годишен финансиски извештај

      Во прилог го објавуваме годишниот финансиски извештај на организацијата Гушни ...