Ти благодариме Индра, покажа што значи да бидеш човек и одличен домаќин. | Гушни го Светот
Новости

Ти благодариме Индра, покажа што значи да бидеш човек и одличен домаќин.

Минатата ноќ беше многу тешка ,одеднаш се појавува сосема непознато момче кое ќе ти ги избрише солзите и ќе ти ја стопли душата.
Возевме во многу тешки услови на патот, пропратен со дожд, а патиштата стануваат лизгава кал , а на сето тоа и се стемни.
Не знаевме ни кое е населеното место во кое влеговме. Интернет нема, гладни, а никаде во близина маркет.

И тогаш се појавува едно момче, со насмевка на лицето и за чудо со одлично познавање на англиски јазик. Се претстави дека е син на сопственикот на хотелот Суриа-Дури. За 5 мин. добивме удобен кревет, безбедност за моторот, храна и топли човечки зборови на утеха. Иако преморени ни беше задоволство да разговараме со него до доцна во ноќта.

Утринава пред да заминеме не испраќа и ни подари и Индонезиска смс картичка со 15 гига интернет, ни го даде неговиот тел.број и ни порача да го побараме ако имаме било каков проблем по пат низ Суматра. Овие моменти не се забораваат.

 

Ти благодариме Индра, покажа што значи да бидеш човек и одличен домаќин.

 

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Стигнавме “дома”

      Да, чувството тука во Перт е точно како да сме ...

      Збогум Индонезија!

      Вчера беше еден од најтешките денови откако сме тргнале, а ...