Средба со Тајландска полиција | Гушни го Светот
Новости

Средба со Тајландска полиција

Директна средба со Тајландска полиција. Бидејќи денес дождот ни беше верен сопатник, моравме да правиме повеќе паузи. Воглавно возевме по дожд, но кога тоа не беше возможно, принудно се паркиравме, да го пропуштиме големиот облак. Не само што сакавме ние да бидеме под стреа, сакавме и моторот да биде засолнет. Бевме свесни дека правиме прекршок, ама се надевавме дека нема да има полиција. Ама од нигде никаде се појавија двајца полицајци. Мислевме готово…..ќе не казнат. На наше големо изненадување, ни пријдоа, не прашаа од каде сме и не замолија да се фотографираат со нас. Дури и на еден од минувачите му кажаа да не фотографира сите заедно. Единствено што ги интересираше беше: Како сме стигнале до Тајланд, и кои се нашите наредни дестинации. Им го раскажавме нашиот план за понатаму и ни посакаа среќен пат, а ние посакавме да среќаваме повеќе вакви полицајци по светот.

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Ти благодариме Индра, покажа што значи да бидеш човек и одличен домаќин.

      Минатата ноќ беше многу тешка ,одеднаш се појавува сосема непознато ...

      Кратка ама многу пријатна дружба со истомисленици

      На пат кон Куала Лумпур, кратко се дружевме со брачен ...