Рутата од само 40 км. ја поминавме за 6 часа | Гушни го Светот
Новости

Рутата од само 40 км. ја поминавме за 6 часа

Минатата вечер ја поминавме во едно село на четириесетина километри од Катманду.
Навигацијата ни покажуваше дека за таа рута е потребно 4 часа возење. Бидејќи помисливме дека е некоја грешка, застанавме да пиеме кафе и да се распрашаме кај локалното население. Ни одговорија дека е сигурно грешка, бидејќи е невозможно да се помине за 4 часа, потребни се минимум 6 часа и не советуваа да не го продолжиме патот бидејќи се стемни, среќа ги послушавме.

Сабајлево рано тргнавме со надеж дека синоќа се шегувале со нас.
Рутата од само 40 км. ја поминавме за 6 часа.

Се работи за тесен планински пат со многу дупки и серпентини, ужасно прометен со тешки возила и сето тоа на екстремна узгорница. Температурите прилично високи кои допринесоа да се почуствуваме уште полошо. Сето тоа е зад нас и продолжуваме понатаму!

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Ти благодариме Индра, покажа што значи да бидеш човек и одличен домаќин.

      Минатата ноќ беше многу тешка ,одеднаш се појавува сосема непознато ...

      Кратка ама многу пријатна дружба со истомисленици

      На пат кон Куала Лумпур, кратко се дружевме со брачен ...