Посета на Волгоград | Гушни го Светот
Новости

Посета на Волгоград

Овие фотографии се навидум обични, ама во овие фотографии се кријат многу човечки вредности.
Накратко ќе Ви го опишам нашиот вчерашен ден.

После 500 км. поминати на мотор, по лош пат и високи температури, стигнавме во Волгоград. Уморни застанавме да пиеме кафе и ни пријде еден човек, се претстави дека се вика Вања. Не препознал по знамето на Македонија, кажа дека е по потекло од Бугарија и дека е сентиментален кон луѓето што живеат на Балканот.

После краток разговор го замоливме да ни каже каде би можеле да најдеме поефтино преноќиште. Но Вања ни кажа дека ќе му биде чест и задоволство, ако бидеме негови гости. Искрено бевме многу изненадени и збунети, ама на крај решивме да прифатиме.

Не однесе во неговиот дом, каде што неговата сопруга Илона, не пречека со топла прегратка, и не внесе во дом исполнет со многу љубов. Откако не нагостија, не однесоа во вечерна прошетка низ Волгоград.

Утрово се разделивме со овие прекрасни луѓе, се надевме дека патиштата повторно ќе ни се вкрстат, а ние ќе имаме задоволство да бидеме нивни домаќини во Скопје.

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      24-ти април, беше најемотивниот ден за нас

      После повеќе од 10 месеци на мотоцикл,поминати 30 држави на ...

      Годишен финансиски извештај

      Во прилог го објавуваме годишниот финансиски извештај на организацијата Гушни ...