Кичево го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

Градот Кичево се наоѓа во подножјето на планината Бистра и Стогово, во Кичевскатата котлина.

Народните легенди го објаснуваат денешното име на градот Кичево. Една постара легенда името на Кичево го поврзува со тврдината што ја изградил Волкашин на ќерка му Кита над градот. Како што раскажува легендата, Китино кале е причината поради која што постои и Кичево. Името „Китино“ го носи веројатно последниве 700 години, поточно од крајот на 14 век.

Легендата говори за Кита, кнегиња и сестра на Крале Марко.  Според неа, Кита тука имала свое Кале, тврдина (дворец) откаде владеела во името на нејзинот  брат со овој регион. Иако Кита досега не е потврдена со пишан или материјален историски извор, сепак преданието за неа е толку силно кај самите кичевчани што скоро и да се чувствува нејзиниот дух во секоја улица и сокак на градот Кичево.

Подоцна под Китината тврдина била основана населба која според името на Кита (Ките, Киче – нагалено) била наречена Кичево.

 

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...