Прилеп го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

Во северниот дел на Пелагониската котлина, сместен е градот Прилеп.

Прилеп е познат и како градот под Марковите Кули, поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко.

Постојат повеќе преданија за потеклото на името на градот Прилеп. Едното од нив вели дека кога луѓето почнале да се населуваат во овој предел, ги прилепувале своите куќи до Марковите кули и потоа се оформила прво населбата, а потоа и градот кој го нарекле Прилеп.

Второто предание вели дека луѓето што се населувале правеле многу леб, па местото се прочуло како прилебно место (место каде се прави леб). Според Блаже Конески, името Прилеп е создадено од личните имиња Прилепа и Прилепка.

 

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...