Дојран го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

Во јужниот дел на Република Македонија, на самата граница со Грција се наоѓа градчето Дојран (старо име Полин, Поленин)

Постојат многу легенди како градчето го добило денешното име Дојран, а ние решивме да Ви ја раскажеме за нас најубавата:

Во градот Полин имало една многу убава девојка што се викала Дојрана. Била висока црноока, со витка става. Дојрана со своите другарки секоја вечер доаѓала на чешмата која се наоѓала во пространата долина источно од градот. Една вечер кога Дојрана отишла по вода со своите другарки, кај чешмата дошол и нејзиниот мерак, убавиот Лабин. Додека Дојрана и Лабин си збореле за нивните љубовни чувства, другарките на Дојрана ги наполниле бардињата и ѓумовите со ладна вода и тргнале накај дома. Дојрана и Лабин останале сами.

Се задржале подолго време. Кога увиделе дека другарките си заминале и ја оставиле сама, многу се збунила па на брзина ги наполнила со вода своите бардиња и побрзала да ги
стигне другарките. Било ноќ и ѝ било страв да си оди дома сама. Во тоа брзање да ги стигне своите другарки ја заборавила чешмата отворена. Големата количина вода од чешмата течела
цела ноќ, па другиот ден народот со чудење гледал дека целата долина е исполнета со вода и наместо убаво тревно поле, настанало езеро. Бидејќи Полјанци дознале дека Дојрана ја
заборавила чешмата да тече цела ноќ, односно таа е виновникот што настанало езерото, по нејзиното име го нарекле Дојранско Езеро, а градот го нарекле исто така по нејзиното име
Дојран.

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...