Струга го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

Градот Струга се наоѓа во југозападниот дел на Македонија, во подножјето на планината Јабланица.

Распространет е на двата брега на реката Црн Дрим, а неговиот северен дел излегува на Охридското Езеро. Кога ќе се спомне Струга, мислата секогаш ни се враќа на минатото, на браќата Миладиновци, Димитар и Константин, првите македонски преродбеници и собирачи на македонско творештво и на нивната неповторлива „Т’га за југ”. Нивното творештво го направи градот Струга да биде познат надалеку, а во нивна чест и ден денес се одржуваат „Струшките вечери на поезијата”.

Стружани раскажуваат две легенди за постанокот на името на овој град. Според првата, името настанало од самата местоположба на градот, т.е. тоа е местото каде што постојано струже (дува) ветер.

Според втората, името настанало според одгледувачите на стока, т.е. сточарите, кои својата стока ја носеле на ова место на стриг (стрижење на волна). Без разлика како настанало името, важно е дека е вредно за спомнување, како по
Миладиновци така и по реката Црн Дрим која се излева од Охридското Езеро.

Струга – затоа што „Како Струга, нема друга.“ Оваа позната изрека е најискрениот и најверодостоен опис на градот.

 

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...