Дебар го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

Градот Дебар се наоѓа во крајниот западен дел на Република Македонија, близу до границата со Албанија.

Првиот пишан документ што го спомнува Дебар е картата на Клавдиј Птоломеј, направена околу средината на 2 век во која се нарекува Deborus. Византискиот император Василиј втори, знаел за неговото постоење, додека Феликс Петанчиќ го нарекува овој град Dibri во 1502. Во времето на Осламиската империја, Дебар бил дел од Битолскиот вилает.

Од 17-19 век многу развиена била Дебарската дрворезбарска школа. Нејзините претставници изработиле многу иконостаси во Македонија , Бугариjа, Србија па дури и во Русија.

Поради својот економски процут, богатството на своите жители и прочуеноста на дебарските мајстори – градители и ѕидари во времето на Отоманската Империја, постоела изреката:
„Стамбол гори, Дебар го гради“.

Македонскиот просветител, преродбеник и учител Јордан Хаџиконстантинов Џинот во своите записи, патеписи и објавени статии во педесетите години на 19 век, често го употребува зборот дебрина, дебрини за долини и котлини. Оттаму може да се заклучи дека името (топонимот) Дебар, градот го добил од страна на своето староседелско македонско население и неговиот јазик, како резултат на својата географска положба.

 

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...