Битола го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

Вториот град по големина, градот Битола, се наоѓа во југозападниот дел на Македонија. Градот е познат под името град на конзулите, бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на европските земји во времето на Отоманската Империја, каде заедно со Солун било најважно место во европскиот дел на Империјата.

Постојат преданија според кои на десната страна на реката Драгор имало 41 црква и исто толку воденици, а на левата страна на реката имало 29 цркви со исто толку воденици. Поради многубројните цркви, градот го добил името Монастир.

Има верзија која вели дека градот Битола името Монастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост. Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од околните села кои доаѓала за време на празниците во Битола.

Според записисте на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близина на денешното Битолско село Буково.

Кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до бо Тољо„ со што според Марко Цепенков, од таму потекнува денешното име на градот Битола.

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...