Берово го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

Во Источниот дел на Македонија, во Малешевската котлина, е сместен градот Берово. Град со највисока концентација на кислород на Балканот.

Градот мами со тесните улички кои раскажуваат, за неговата богата историја и културни знаменитости. Недалеку од градот се наоѓаат Малешевските планини. Густата борова шума,
измешаните бои на природата и Беровското езеро, ќе Ви го одземат здивот, ќе сфатите зошто Берово го нарекуваат и мала Швајцарија.

Постојат две легенди според кои Берово го добил своето име:

Според првата името го добил по сточарот Беро. Аргумент за ова е и постоење на Берова ливада, која се наоѓа во атарот помеѓу селата Мачево и Робово, за која се смета дека припаѓала на овој сточар.

Според втората верзија се смета дека името произлегло од тоа што луѓето се береле (се собирале) на тоа место од Малешевските села.

Посетете го Берово, ќе Ве пречекаат гостопримливите Беровци и секако не пропуштајте да го пробате Беровското сирење и компир.

 

      3 Коментари

      1. Наведени се повеќе вистини за Малеш. Како го добило името Берово е далека историја. Поблиска и побитна е историјата на ослободителните движење во 19 и почетокот на 20 век. Малеш е првиот бунтовник во Отоманската империја. Прв македонски интернационалец – борец за човекови, национални и верски права е Илјо Малешевски. Учествува во повеќе востанија на балканските држави. Од Малешевец – од Берово е напишан и првиот Македонски устав од Димитар Попгоргиев,
        Пред Илинденското востание во Малеш се забележани најбројните и најголемите битки 1903, меѓу кои и Готенското муарабе. … Но за жал, денеска се‘ помалку има млади луѓе кои ќе ги пеодолжат вековните спевифични традиции, … Убавината и гордоста умираат. НАПРАВЕТЕ НЕШТО да се пренасочи трендот.

      2. I Berovcani se iskurnazija, ne se kako so bea 😊

      3. Македонец

        Интересен текст, секоја чест на Вашиот тим, Берово е прекрасно место и јас го препорачувам на сите

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...