Пехчево го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

Во крајниот источен дел на Македонија, покрај самата граница со Бугарија, се наоѓа гратчето Пехчево.

За името на ова мало градче, се врзани повеќе легенди.

Според една, на местото на денешната локација на населбата се наоѓало трло кое месното население го викало “Пејчина колиба” заради бачилото на сточарот Пејчин (Пејчо). Според тоа и
по аналогија месните жители местото го нарекле Пехчово, односно Пехчево.

Со овие топоними гратчето е споменувано и кон крајот на XIX век.

Друга легенда говори дека во подножјето на Буковик во Римско време се вршело експлоатација на железна руда. Садовите кои служеле за плакнење на рудата се нарекувале пешти (пешчи). Се мисли дека топонимот Пехчево упатува на рударските печки (пешчи) каде се топела рудата.

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...