Кочани го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

Во источна Македонија, на северната страна од Кочанската котлина е сместен градот Кочани.

Жителите на овој град ни раскажаа една стара легенда за Кочани. Многу одамна, на печалба во Кина, бил еден човек по име Кочо.

По долги години работа во туѓина, решил да се врати дома во родниот крај. Бидејќи во Кина, оризот бил основна храна, тој се навикнал на него и многу сакал да го јаде. На заминување решил со себе да понесе и ориз, со надеж дека оваа земјоделска култура ќе успее и во неговиот крај. Со себе понел мала количина од ова бело злато со цел лесно и без проблеми да го пренесе од царство во царство.

При влегувањето во царството во кое се наоѓало и неговото родно место наишол на проблеми: оризот бил забранет за внесување во каква било форма. Сепак, Кочо не сакал да се откаже од намерата да го внесе оризот. Се мислел и на крајот се сетил. Дознал дека гуските како трговска стока не биле забранети за внесување. Купил гуски, им го дал оризот да го изедат, а потоа ги заклал. По влегувањето ги очистил и од нив го извадил оризот. Така Кочо го пренел оризот од Кина. Започнал да го произведува, со што му дал нов белег и култура на овој крај, а според неговото име, местото каде што започнал да се одгледува оризот – го добило името Кочани.

Денот кој го поминавме во Кочани беше прилично ладен, а нашите срца беа стоплени од гостопримството на нашите домаќини.

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...