Силве&Тони ја започнуваат првата етапа од грандиозниот проект “Гушни го светот“ - Македонија | Гушни го Светот
Новости

Во понеделник, тие ќе тргант на пат со својот мотоцикл низ Македонија со цел да соберат што е можно повеќе гушки, кои, од март идната година ќе му ги пренесуваат на светот. Силве&Тони ќе дојдат во секој град, во секое село, на сите патишта и беспаќа каде ќе ги води нивниот мотоцикл низ Македонија, со пораката “Ајде да се гушнеме!“

Вашите гушки ќе ги бидат енергија и стимул за остварување на конечната цел на нивната замисла – Македонија да го прегрне светот, и да ја пренесе пораката на прегратката како единствена заедничка реченица од сите јазици во светот со која се пренесува топлина, љубов, мир…

Македонки и Македонци, деца и возрасни, ќе ги сретнете секаде. На крстосниците, на автопатишата, на бензинските пумпи, на паркиралиштата, на плоштадите во вашите места, на сред село, секаде. Силве&Тони доаѓаат да ве гушнат. Секоја ваша прегратка ќе биде пренесена во над 45 држави на сите континенти во светот.

 

 

      Напишете го вашиот коментар

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Кога идејата станува стварност…

      Кога идејата станува стварност…Пред точно една година онака, ќе рече ...

      Силве и Тони го гушнаа Истанбул