Новости
Дома » Гушки од МК

Идејата на Силве & Тони, преку проектот “Гушни го светот“ – Македонија, е да успеат да соберат што е можно повеќе прегратки од Македонија, и истите му ги пренесат на целиот свет. Таквите патешествија по собирање на македонските гушки, Силве & Тони, веќе ги започнаа, и ќе траат се до почетокот на нивното официјално поаѓање на пат околу светот, некаде напролет следната година. Тие со својот мотоцикл, ќе ги посетат сите населени места во Македонија, ќе ги соберат сите гушки, ќе ги стават во срцата и душите, убаво ќе ги заклучат, и ќе тргнат да ги делат на луѓето низ целиот свет. За секоја информација за движењето на Силве & Тони низ Македонија, благовремено ќе ве информираме преку оваа страница, или преку нашиот ФБ профил. Силве & Тони доаѓаат кај секој од вас. Македонијо, ајде да се гушнеме.

“Гушни го светот“ – Македонија, ве поздравува