Кога идејата станува стварност... | Гушни го Светот
Новости

Кога идејата станува стварност…

Пред точно една година онака, ќе рече човек срамежливо, во тесен круг на пријатели, Силве и Тони ја најавија идејата да го заобиколат светот со мотоцикл, па откако истата со одушевување беше едногласно прифатена, за кусо време овој авантуристичко космополитски проект доби и свое име “Гушни го светот“. Пред неполн месец, или, поточно, на 20 Јуни оваа година, Силве и Тони тргнаа на оваа патешествие, а денес го напуштаат Волгоград, во Русија, откако претходно пропатуваа низ Бугарија, Турција, Грузија, за да ги споделуваат прегратките со случајните намерници, да ги пренесуваат топлите поздрави од Македонија, за да сега, истото продолжат да го прават во големата Русија, од каде, мапата ќе ги однесе до Астана, Казакстан, а според планот потоа треба да заминат за Индија…

Со Силве и Тони имаме телефонски контакти, добро се чувствуваат, среќни се и секако задоволни. Нивните првични раскажувања од овој долг и непредвидлив пат се полни со безброј пријатни изненадувања, некои од нив редовно ги споделуваат на нивната ФБ страна “Гушни го светот“, како и на порталот преку кој ги споделуваат нивните куси приказни, и најверојатно, а сакаме да се надеваме дека ќе успеат во конечната цел, дека ќе продолжат да ни пренесуваат и убави фотографии и видеа, како и пријатни настани, ќе почнеме да подготвуваме посебна монографија, која преку одбрани фотографии и прераскажани доживување, ќе ја споделуваме со сите подржувачи на оваа прекрасна идеја, која, ете, полека ама сигурно се претвара во стварност…

Силве и Тони го заобиколуваат светото заедно со производите на “Кожувчанка“ која се појавува како фирма Генерален покровител на ова патешествие, но, потребата од дополнителни донации ќе ги следи низ целото патување. Затоа, преку овој кус вовед во започнатата Монографија за нивните патешествија, ги објавуваме и сметките, (денарска и девизна), на здружението “Гушни го светот“ – Скопје, каде, заинтересираните подржувачи би можеле да уплаќаат средства според можностите…

Корисник: Гушни го светот – Скопје
Франклин Рузвелт 8/18
Денарска с-ка: 530010302018454
ОХРИДСКА БАНКА АД-СКОПЈЕ

Beneficary: GUSHNI GO SVETOT – SKOPJE
Franklin Ruzvelt 8/18
Foreign exchange account: 14-709-0000042.1
SWIFT BIC : OHRDMK22
IBAN: MK07530909000004287

Првата репортажа ќе биде објавена во периодот од 20 до 30 Јули, и ќе ги содржи настаните и дејствијата во првиот месец од нивното патување околу светот, и секој нареден месец ќе се објавува фото видео сторија за нивните движења…

Во прилог на овој текст поставуваме неколку фотографии од Бугарија, Турција, Грузија и Русија…

“Гушни го светот“ – Македонија

 

      Еден коментар

      1. Prekrasni lugje i prijateli . So zadovolstvo gi sledam i se raduvam za nivnata srekja .

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Еден навистина тежок и напорен ден. Ташкент, Узбекистан

      Денешниот ден, беше еден од најнапорните до сега. Иако имавме ...

      Ги запознавме со нашата приказна и ги гушнавме

      Традиционално правење на самса во специјални фурни. Самса е традиционално ...

      Тараз (јужен Казакстан) на повеќе од 40 С°

      На патот кон Тараз (јужен Казакстан) на повеќе од 40 ...