20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот | Гушни го Светот
Новости

По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат во реализиција на својот несекојдневен проект. Ќе тргнат во една бесконечно мирољубива и добронамерна акција да го заобиколат светот со својот мотоцикл, за воедно и да го гушнат. Преку нивната идеја ќе ја пренесат мирољубивата порака од Македонија. Како што им е познато на оние кои ги следат, Силве&Тони, минатата година ги посетија сите градови и гратчиња, села и населби во Македонија, ги сопираа минувачите, случајните намерници на плоштадите, улиците и патиштата, ги гушкаа, и гушките ги ставија во своите пазуви, во срцата, во градите под кожните моторџиски јакни, за да ги распостелат низ светот. Тргнуваат да ги споделат со сите добронамерници на долгиот пат. Силве&Тони, конечно се подготвени да тргнат во оваа благопријатна задача, да го гушнат светот, да ги пренесат пораките од сите во Македонија, како вредности и доблести кои на ова поднебје се пренесувале со векови наназад, од дедо на внук од татко на син, од свештеник на верник, дека светот може и мора да живее во слога, љубов и разбирање…

Силве&Тони, ќе тргнат од плоштадот “Јадран“ на 20 Јуни, среда, и од 11 до 12 часот ќе ги примаат последните гушки и поздравите од сите добронамерни испраќачи. Да им посакаме среќен пат и да ги испратиме со искрена желба да успеат во нивното патешествие, да ги гушнеме, за и нашите топли прегратки стасаат на сите континенти… Значи, 20 Јуни 2018 година, од 11 до 12 часот се гледаме на плоштадот “Јадран“…

Ајде да го гушнеме светот…

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на ...

      Ресен го гушна светот

      Во југозападниот дел од Македонија, во Преспанската котлина, опкружено со ...