Струмица го гушна светот | Гушни го Светот
Новости

На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција, сместена е плодната Струмичка котлина, а во неа и истоимениот град Струмица.

Постојат повеќе легенди кои ги раскажуваат жителите, но легендата за убавата Струма е најраскажувана од жителите на овој град. Повеќето Струмичани веруваат дека нивниот град е крстен по една прекрасна млада девојка Струма. Всушност, постојат неколку легенди која навистина била оваа девојка. Според една, таа била сестра на кралот Марко, а според друга дека била ќерка на некој заповедник на Словените на Струмичката област.

Последната легенда вели дека градот бил под опсада од силна византиска војска која неколку месеци не успевала да ја освои тврдината – Цареви кули. Убавата Струма постојано се шетала на својот бел коњ и случајно се сретнала со еден млад византиски војсководец во кој се вљубила на прв поглед. Занесена од убавината на војсководецот, Струма му ја открила тајната како војниците на нејзиниот сакан да се качат до неосвоивите Цареви кули. „Потковиците на коњите заковајте ги наопаку за да можат полесно да се качат до тврдината“, му рекла Струма. Византијците ја послушале, со нивните коњи лесно се искачиле по стрмните падини и ги освоиле Царевите кули. Откако татко и дознал дека нејзината ќерка го предала заради нејзината љубов кон војсководецот, на умирање ја проколнал: „Кога ќе умреш, земјата девет пати да те исфрли од гробот”. Мештаните нејзиниот гроб го нарекле Струмин гроб, а според името на Струма, градот е наречен Струмица.

Овој археолошки локалитет денес претставува туристичка атракција која го привлекува вниманието како на домашните, така и на странските гости.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...

      Ресен го гушна светот

      Во југозападниот дел од Македонија, во Преспанската котлина, опкружено со ...