Новости
Дома » Гушки од МК » Ресен го гушна светот

Во југозападниот дел од Македонија, во Преспанската котлина, опкружено со високи планини, се наоѓа градот Ресен. Преспанското езеро, Националните паркови Галичица и Пелистер, му даваат на овој дел од Македонија, посебна убавина.

Ресен и исто така познат и како градот на јаболката и градот на „Версајскиот дворец„ Во градот се наоѓа еден од најрепрезентативните објекти во Македонија граден во неокласичен стил. На 3 јули 1908 година командантот на турскиот аскер во Ресен, мајорот Ахмет Нијази-бег се одметнал од својата војска и станал еден од водачите на Младотурската револуција.

Во 1908 до 1912 година го изградил ресенскиот сарај кој до ден денес претставува значајно обележје на градот. Сарајот служел како седиште на многу управи по Балканските војни. Тука била сместена српската управа, а потоа управата на Кралството Југославија. За време на двете светски војни овде се наоѓале окупаторските управи, а по ослободувањето биле сместени градската управа на Ресен, домот на културата „Драги Тозија“, Градската библиотека, Музејот на Ресен, Ресенската керамичка колонија, Радио Ресен и неколку простории на невладините организации, од кои едната го носи името на Нијази-бег.

Постои една легенда која ја раскажуваат Ресенчани, за изградбата на сарајот: Нарачателот на изградбата Ахмет Нијази-бег, како студент на воена академија во Истанбул  и припадник на младотурското движење, бил испратен во Ресен , каде што подоцна примил разгледница со Версајскиот дворец од свој пријател од Париз. Богатиот ресенски бег решил да изгради исто така убав објект, каде што планирал да живее. Сепак, во 1912  година во Драч  тој бил убиен, пред дворецот да биде комплетно завршен.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на ...