Новости
Дома » Гушки од МК » Гостивар го гушна светот

Град во западна Македонија, во јужниот дела на полошка котлина. Градот претставува типична мултикултурна средина, во која живеат скоро сите националности во Македонија.

Според Марко Цепенков, Гостивар бил метув на манастирите од Сува Гора (планина источно од градот) каде што се гоштевале многу свештеници, патници и намерници. Поради тоа богато гоштевање метувот го добило името Гостивар. Има и легенда која вели дека доаѓа од турско време каде што Гостивар значи “место каде секогаш доаѓаат гости”.

Според Турците, градот бил наречен така поради тоа што на турски зборот ВАР значи „има“, така што на тоа место секогаш имало гости. Исто така збор ВАР или Вари во сите словенски јазици означува извор или место од каде што извира голема количина на вода – вриење, а исто така означуа и бања.

Според една друга легенда сегашното име на градот Гости-гости, настанало за време на владетелот Волкашин. Бидејќи доаѓале голем број на посетители, гости низ овие краишта, во текот турското владеење на турски го нарекувале „Гостивар“ што значи (гости има). Самото име, односно Гостивар се нарекуваше местото на собирање на гости т.е. „Градот на гостите“. Волкашин на сите свои деца им изградил „градови“ (тврдини). На пример, на ќерката Кита и изградил тврдина во Кичево, наречена „Китин Град“ (Китинград), а на Цвета и изградил кале на Сува Гора наречена уште и „Цвета Гора“, каде што имало многу цркви и манастири. Манастирите во „Цвета Гора“ имале свои чифлици во Горни Полог (Гостиварско). Градот Гостивар тогаш бил место на Сувогорските манастири. Манастирските луѓе често ги посетувале чифлиците кај Гостивар, каде што добро биле гоштевани. Легендата вели дека по „гостувањето“ и населбата била наречена Гостивар.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на ...