Новости
Дома » Гушки од МК » Демир Капија го гушна светот

Демир Капија (Железна врата или железна порта на турски) е гратче кое се наоѓа пред познатата Демиркаписка клисура од левата страна на реката Вардар.

Демир Капија е важна железничка станица и се наоѓа непосредно до меѓународниот автопат. Историското минато на Демир Капија е поврзано со познатата Демиркаписка клисура, место од каде почнувале и завршувале многу воени походи, место кое во различно време било граничник на повеќе владетели и место кое било седиште на повеќе феудални господари кои ја окупирале територијата и владееле со неа.

Најпрво се спомнува населба која егзистирала околу тврдината, под името стар римски град Стенае. Со доаѓањето на Турците населбата престанала да живее, а месното население било раселено на нова локација, неколку километри на север и била наречена Бања, според топлите водени бањи кои на овој простор постојат од многу старо време. Денес таа населба се нарекува Демир Капија, но едно е заедничко за сите имиња на ова место, а тоа е поврзувањето со тврдината.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на ...