Новости
Дома » Гушки од МК » Валандово го гушна светот

Валандово се наоѓа во јужниот дел од Македонија, распространет на југ од Демиркаписката Клисура.

Историчарите запишале дека Валандово е страра населба за чие минато малку се знае, поради тоа што не постојат пишани изворни матерјали и споменици. За неговата старост има , има археолошки траги и наоди. Од нив се дозанава дека просторот на денешниот град бил населен уште во пра историјата. На просторот на денешниот град се утврдени остатоци од римската антика.

Во античко време на територијата на денешниот град се развила римска населба, за што сведочат откриените римски мозаици во разни делови на градот. Познато е дека Словените се населиле во ова подрачје кон крајот на VI или почетокот на VII век. Од историчарите и хроничарите градот бил споменуван уште во X век, со името Валандер.

Средновековното Валандово било изградено на местото на денешниот град. За време на царот Душан, во 1349 год. Валандово се спомнува со името Аландово, што значело Цветен град. За името на градот постојат повеќе легенди. Една од нив од подалечното минато, зборува дека нкаде по доаѓањето на Словените, во овој крај живеел богат свештеник, по име Вландо.

Тој бил основател на населбата и на црквата во градот. Во сеќавање на овој добротворен човек, населбата која се оформила во поголемо населено место, била наречена Вландово, односно Валандово.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Демир Капија го гушна светот

      Демир Капија (Железна врата или железна порта на турски) е гратче кое се наоѓа пред познатата Демиркаписка клисура од ...

      Силве и Тони со гостување на МРТВ

      Гушни го светот, односно Силве и Тони со гостување на Македонската Радио Телевизија. Прекрасно дружење ...

      Кичево го гушна светот

      Градот Кичево се наоѓа во подножјето на планината Бистра и Стогово, во Кичевскатата котлина. Народните ...