Новости

Поради големиот број на цркви и манастири, градот е познат како Балкански и Европски Ерусалим. Охрид е познат и како „град на светлината“ што претставува буквален превод на
неговото старо име, Лихнид.

Според една легенда, која ја запишале Браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите на кои лежи градот и гледајќи ја прекрасната околина извикал „ох рид“, т.е. каков убав рид и оттогаш останало градот да се вика Охрид.

Народот раскажува многу легенди за овој крај, но има само една, прераскажувана до ден денешен која се поврзува и со настанувањето на охридскиот чун. Имено, некогаш во дворецот под езерото кај Студенчишта, живеела вилата Езерка, ќерка на дедо Караорман. Вилата Езерка царувала над езерото и постојано им пречела на рибарите, превртувајќи ги нивните чамци а уловената риба ја враќала во езерото. Таа била многу завидлива и еден ден ја грабнала убавата мома Билјана, внука на дедо Чун. Ја однела во својот дворец за да си поигрува со неа. Убавата Билјана цела ноќ плачела од тага и нејзините солзи се претвориле во извори, коипонатаму биле наречени Билјанини извори. Дедо Чун за да ја победи вилата Езерка направил голем чамец. Од една страна веслале 6-7 луѓе, а само еден крмел. Вилата Езерка не можела да го преврти овој голем чамец и со него дедо Чун ја спасил убавата Билјана. Така, по дедо Чун големиот чамец го нарекле чун кој по својата лика е единствен на светот.

Никој не останува рамнодушен, чекорејќи по плочниците по кои е испишана неколку милениумската историја, или пак уживајќи во галењето на светликавиот одблесок на сонцето од водите на Охридското Езеро.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на ...