Новости

Богданци е град во јужниот дел на Република Македонија. Сместен е во источниот дел на Гевгелиско-валандовската Котлина односно областа Бојмија, на патот помеѓу Гевгелија и Дојран.

Општина Богданци постоела уште од 1955 година и во тогашната општина освен Богданци како седиште, влегувале и населените места: Стојаково, Богородица, Ѓавото, Селемли, Нов и Стар Дојран, Фурка, Црничани, Николиќ, Ѓопчели, Куртамзали, Органџали, Дуритли и Џумбоз. Со новото територијално распоредување на општините во 1965, Општина Богданци била присоединета кон Општина Гевгелија за подоцна пак да стане самостојна единица на локална самоуправа во 1996 година.

Со последното уредување на општинските граници преку Законот за територијална организација на Република Македонија од 2004 година, Општина Богданци остана во рамките на својата постојна територија и се состои од четири населени места: Богданци, Стојаково, Ѓавото и Селемли.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на ...