Новости
Дома » Гушки од МК » Тетово го гушна светот

Во северозападна Македонија, на падините на Шара, во Полошката Котлина, се наоѓа градот Тетово.

Старите Тетовци раскажуваат една тажна легенда:

Едно девојче со својата тетка отишло на чешма да наполнат вода. Додека тетката чекала да се наполнат стомните, девојчето се заиграло и навлегувало се подлабоко во планината. Се стемнило, а од малото девојче, ни трага ни глас. Мештаните почнале да го бараат девојчето низ шумата. Барале долго низ шумата кога наеднаш се слушнало, Тетооо волк ! Девојчето барало помош и викало на сет глас. Мештаните тргнале кон планината од каде се слушал гласот, но неуспеале во намерата, бидејќи од ехото се слушало само Тето воо….

Во чест на изгубеното девојче, старите мештани тој крај го нарекле Тетово.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Скопје го гушна светот

      “Ајде да се гушнеме” беше мотото со кое ги повикавме нашите Скопјани за да го ...

      Дојран го гушна светот

      Во јужниот дел на Република Македонија, на самата граница со Грција се наоѓа градчето Дојран ...

      Валандово го гушна светот

      Валандово се наоѓа во јужниот дел од Македонија, распространет на југ од Демиркаписката Клисура. Историчарите запишале ...