Новости
Дома » Гушки од МК » Македонски брод го гушна светот

Македонија нема море, ама има брод, Македонски брод. Додуше од пред петнаесетина години го има вештачкото езеро Козјак. Онака распослано во кањонот, како отсекогаш да било дел од целокупниот амбиент.

Градот лежи на бреговите на горното сливно подрачје на реката Треска, оттаму произлегло и неговото име Брод.

Во непосредна близина на Македонски брод се наоѓа пештерата Пешна, која според спеолозите е пештера со најголем отвор на балканот. За убавините на Пешна, зборува и тоа што Њујорк Тајмс ја споредил со сцени од филмот Господар на прстените.

Легендата вели дека пештерата, името го добила по сестрата на Крале Марко- Пешна. Според легендата која и денес се раскажува, уште во 14-ти век, опеаниот македонски јунак Крали Марко и изградил куќа на својата сестра Пешна, на самиот почеток од пештерата. Благодарение на дебелите камени зидови денес е останат дел од тврдината и може да се види.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...

      20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

      По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат ...

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на ...