Новости
Дома » Гушки од МК » Пробиштип го гушна светот

Во североисточна Македонија, зафаќајки дел од Овчеполието, а со другиот дел длабоко навлегувајќи во Осоговскиот масив на планини, лоцирано е гратчето Пробиштип.

Познат е како рударски град, бидејќи во неговата близина се наоѓа рудникот за олово и цинк Злетово.

Пробиштип како населба се споменува во XIV век. Меѓутоа, изградбата на новата рударско-индустриска населба започнала во 1937 година кога овде била изградена електрична централа, се почнало со флотација на оловно-цинковата руда и неколку станбени згради за рударите.

Легендата вели дека на ова место некогаш се наоѓал Штип, кој бил пробиен од освојувачки војски. Пробиен Штип или Пробиштип. Според преданието, стариот град бил во месноста Грамади, топоним на денешното Пробиштип, инаку сè уште неистражен локалитет од кој извираат артефакти и при самото орање на нивите.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Скопје го гушна светот

      “Ајде да се гушнеме” беше мотото со кое ги повикавме нашите Скопјани за да го ...

      Дојран го гушна светот

      Во јужниот дел на Република Македонија, на самата граница со Грција се наоѓа градчето Дојран ...

      Валандово го гушна светот

      Валандово се наоѓа во јужниот дел од Македонија, распространет на југ од Демиркаписката Клисура. Историчарите запишале ...