Новости
Дома » Гушки од МК » Виница го гушна светот

Во источниот дел на Македонија, во подножјето на Плачковица се наоѓа гратчето Виница.

Многу одамна, според едни.. пред двеста години, според други.. пред три века, целата околина на Виница била покриена со винова лоза. Една година зафатила голема суша. Земјата испукала, реките и изворите пресушиле. Добитокот почнал да умира од големата суша и горештина. Во таа сушна година, лозјата родиле како никогаш дотогаш. Луѓето немале доволно садови да го соберат грозјето и виното. Таа година еден Виничанец по име Захариј градел куќа, ама немало вода за правење малтер, и бидејќи ја брзал изградбата на куќата, им наредил на мајсторите да ги земат бочвите со вино од визбите и да ги измешат со малтерот, за да ја завршат куќата.

Мајсторите ем пиеле вино, ем со вино правеле малтер. И другите жители во населбата почнале да го користат виното за правење малтер. Веста за правењето на малтерот со вино брзо се пренела низ населбата и околината и по тој настан населбата ја завикале Виница, а тоа име е задржано се до ден денес. Куќата од вино сеуште е тука, во солидна состојба, виното очигледно добро ја заштитило истата од разните временски неприлики, а во неа денес живее фамилијата Ефтимови, а пред нив благословот на виното го почуствувале и многу други фамилии.

Нашиот тим и покрај врнежливото време, помина еден преубав ден во Виница благодарение на домаќинката која направи се да престојот во ова гратче им остане во најубаво сеќавање.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и ...

      Ресен го гушна светот

      Во југозападниот дел од Македонија, во Преспанската котлина, опкружено со високи планини, се наоѓа градот ...

      Жељан Ракела со подршка за “Гушни го светот”

      Благодарност до Жељан Ракела, Хрватскиот легендарен авантурист, кој што ја презакажа презентацијата на својата книга, ...