Новости
Дома » Гушки од МК » Крива Паланка го гушна светот

Крива Паланка е источната порта на Македонија, која се наоѓа на тромеѓето со Србија и Бугарија, под падините на осоговските планини.

Сосема логично, градот Крива Паланка името го добил по кривото корито на реката Крива.

Има една преубава легенда за убавата мома Калина од Крива Паланка, во нејзина чест карпата во близина на Крива Паланка, народот ја нарекува Калин Камен. Според легендата стара неколку векови се верува дека во кривопаланечкиот регион, во времето на Отоманската империја живеела млада мома Калина, која била најубава од сите моми. За жал, од нејзината убавина бил воодушевен и турскиот ага кој ја грабнал и ја затворил во неговиот сарај. Калина, не сакајќи да се потурчи и да биде жена на агата, една ноќ избегала од сарајот и се упатила кон каменот под Царев Врв. Патот пешаќејчи го поминала за 4 часа. Таа ноќ Калина се фрлила од карпата.

Нашите гушкачи беа топло пречекани во Крива Паланка и од таму заминаа задоволни од гостопримството на Кривопаланчани.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и ...

      Ресен го гушна светот

      Во југозападниот дел од Македонија, во Преспанската котлина, опкружено со високи планини, се наоѓа градот ...

      Жељан Ракела со подршка за “Гушни го светот”

      Благодарност до Жељан Ракела, Хрватскиот легендарен авантурист, кој што ја презакажа презентацијата на својата книга, ...