Новости
Дома » Гушки од МК » Кратово го гушна светот

Едно од најстарите гратчиња на Балканот, се наоѓа во североисточна Македонија, а сместено е на вулкански кратер, па оттаму и името Кратово.

Има многу легенди за Кратово, ама една од најубавите е за Радин мост.

Раскажува за девет браќа градители на мостови.

Според легендата, тие почнале да го градат мостот на Манцева Река, но тој постојано се уривал. Сѐ што ќе изграделе дење, ноќе паѓало. За да им „трае“ мостот, тие се договориле снаата што утредента ќе им донесе ручек да ја заѕидаат во темелите за да се зацврсти градбата. Сите им кажале на своите невести за договорот, само најмалиот брат не кажал. Утредента, најмладата Рада им приготвила ручек и им го однела на мајсторите, а кога ја видело нејзиното момче, силно заплакало. Деверите, пак, ја фатиле и жива ја заѕидале во темелите. Рада
само милно ги замолила да ѝ ја остават десната града за да може да си го надои машкото дете.

Иако легенда, ги потресе и нашите гушкачи, токму поради тоа во чест на Рада, гушкањето во Кратово го продолжија на Радин мост.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и ...

      Ресен го гушна светот

      Во југозападниот дел од Македонија, во Преспанската котлина, опкружено со високи планини, се наоѓа градот ...

      Жељан Ракела со подршка за “Гушни го светот”

      Благодарност до Жељан Ракела, Хрватскиот легендарен авантурист, кој што ја презакажа презентацијата на својата книга, ...