Новости
Дома » Пишува: Боки Бургија » Миле, дај бокалчето…

Кога ќе осетиш камче у „Нике“ патика или кожна таљанска ципела, прво што праиш застануеш. Ако нема клупа у близина, ондак, на прва бандера се потпираш со една рука, вадиш ципела од нога, ја затресуеш, и ако не падне ништо, брцаш прсти од рука и буричкаш у нутра да видиш што е тоа што те дупчи, расчистуеш терен, враќаш ципела на нога и раат продужуеш да шеташ. Тоа ти е брат, нормална процедура ако ти заглави нешто у кондура. Не можеш да трпиш нешто шо те дупчи у 100 чекори напред и одма расчистуеш боцкајуче стање…

Ситуација битно се мења кога у опинак заглавуе камче, па нешто стално те боде, ама кога имаш ѓон стапало ондак и рефлекси ти ослабуат па не реагираш. Види Боки, кај оваја категорија на тврдокожни не важат исти норми, правила и принципи ко кај оние погоре. Кај тврдокожниве стање ти је нешто ко кур се тресе у ладна вода кога овие прашања се у питање, у пореѓење со урбани чељада. Значи, ропак не прекинуе орање ако има камен у опинак. Тоа ти е за него најнормална ствар и не застануе на прв поголем камен пред селска чешма да вади опинак од нога за да расчистуе стање у унутрашњост на опинак, него, шиба даље и не јебе жива сила. Дали има сто или хиљаду чекори, за него, бе, брат, све ти е исто. У питање ти е ебена навика, ништа више ништа мање…

Арно ама, ствари битно се мењаат кога некои тврдокожни мењаат опинак у „Нике“ патика или на пример у таљанска ципела. Што се дешава у тој моменат..?

Прво што се приметуе кај оваја покондурена ропачаана е тоа што дигаат нога на асфалтиран пут исто ко да прескакат камења на селски макадам, и џиткаат стапала ко да шутират фодбали, а шпицурајка на кондура им се извитоперуе ко венецијанска гондола…

Кога некој од овие ти поминуе у близина у Пјер Карден кошуља, б’зди под мишка да се отруеш. Они, брат, ставаат дезодоранс под трула мишка, и посеруат ствар до даска…

И замисли сеа, ваква чељад излегуе на пауза и шиба на блвд МКД, пие еКспресо или каФучино, на начин што, прво ќесе со шеќер истура у уста на екс, па послем бута у џеб тричетири ќесиња за дома, па тек ондак става дветри кесиња у кафе, и почнуе да ти размрсуе чипкини влакна како тие уствари ја опраале државава, демек, ти дуват мочни меур со тоа шо требало, а што не требало да се праи. Абе, ти доаѓа да попиздиш први пут од прва кога гледаш дека овој покондурен опинак, кој, куј знае како се ушњирал у градов убав НА што ќе никне, фатил некоја позиција у државава од која мисли дека, и сам Господ Бог го фатил за муда и нема што не знае. Врие Скопјево од вакви…

И што ти остануе друго после вакови закључак, осим да го викнеш Миле.

– Миле, дај бокалчето…

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Снежана од Пајко маало… (3)

      Само да не го заборавам писмото. Морам да го оставам на видно место. Ене онде, ...

      Снежана од Пајко маало… (2)

      Сите беа против мене. И времето. Стрелките на ѕидниот часовник почнаа брзо да се движат ...

      Снежана од Пајко маало… (1)

      Некаде над Матка, светна. Опцув на глас. Сега ли најде. Чим доаѓа од таму, ќе ...