Новости
Дома » Гушки од МК » Гевгелија го гушна светот

Силве&Тони беа топло пречекани од сончевата Гевгелија, и, иако без најава, без помпезност, онака како што ќе го гушкаат и светот, двајцата, со својот мотоцикл, тргнаа во собирање гушки од Македонија кои ќе ги споделуват со луѓе од над 45 држави на сите континенти поминувајќи над 100 илјади километри на копно. Топлите прегратки од Македонија овој пат доаѓаат од најјужниот дел од Македонија, од Гевгелија…

Кога град ќе ве пречека исплискан со сонце, нема поголемо задоволство за секој патник. Од далеку те привлекува да свартиш во него макар на кафе, на куса прошетка, да го разгледаш, да се сретнеш со луѓето. За секој добронамерник ваквиот пречек на градот на топлината, Гевгелија, значи исполнетост и задоволство, дополнителна енергија за понатаму. А Гевгелија е токму таква, сончева, топла, гостопримлива и благопријатна. Таква е од нејзиното постоење…

Постои легенда, како и за секој град, село, провинција, дека за настанувањето на името Гевгелија бил заслужен непознат дервиш. Ете, патувајќи низ јужните предели на оваа парче земја, дервишот дошол и до ова место кое после него ќе го добие името Гевгелија. Бидејќи многу му се допаднало местотот не сакал да го напушти. Луѓето биле ведри, насмеани, добродушни и гостопримливи, и сето ова го натерало да почне да размислува да не ја напушта оваа питорексна и сончева касаба. Но, жителите, пак, од друга страна, не можеле и не сакале да го прифатат неговото присуство заради муабетите кои почнале да се шират меѓу нив, а се однесувале на чудните традиции и обичаи на дервишите, и решиле да го прогонат. Кога не успеале со фино, одлучиле тоа да го направат насила. И успеале. Дервишот толку многу се разгневил и налутил што почнал намрштено и сериозно да ги проколнува и жителите и касабата. Тогаш, жителите, полека но сигурно, почнале да стравуваат и за себе и за касабата. Кутрите се исплашиле од силните клетви и почанле гласнода го повикуваат да се врати назад со зборовите ГЕЛ-ГЕРИ, што значело ела назад…

Иако е легенда, нашиот тим доби впечаток дека Гевгеличани се заколнале на претците дека ќе ја пренесуваат традицијата кон сите што ќе дојдат во градот да се чувствуваат добродојдени, како во свој дом. Ете, така се чувтсвуваше и тимот на “Гушни го светот-Македонија“, во најтоплиот и најјужниот град во Македонија, Гевгелија…

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Струмица го гушна светот

      На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и ...

      Ресен го гушна светот

      Во југозападниот дел од Македонија, во Преспанската котлина, опкружено со високи планини, се наоѓа градот ...

      Жељан Ракела со подршка за “Гушни го светот”

      Благодарност до Жељан Ракела, Хрватскиот легендарен авантурист, кој што ја презакажа презентацијата на својата книга, ...