Новости
Дома » Пишува: Боки Бургија » Трафикана, ќе ја запалам, кад тад…

Го ѕиркав као низ клучалка од отворот на левото око. Другото ми беше скроз затворено со завој. Целата глава ми беше превиткана у завои. Само устата слободна за да дишам, а кај левото око тесен отвор за да можам да гледам по малку. Не чувствував болка, а кога го видов скршениов карши мене како пуши со сласт, му побарав цигара – Дојди, бе пријател, земи, гледаш дека не можам да се помрднам – ми вика. И навистина. Левата нога му беше закачена на жица и оптегната со тегови кои висеа преку макара зад креветот. Целата му беше у гипс, а десната рука потпрена со дршка на стомак. Личеше ко стара стапица за биљбиљи. Ко тенџере потпрено со дрвце и врзано со сиџим. Од прсти до грб му беше стаена у гипс. Е баш така. Полека станав и седнав до неговиот кревет. Пред три вечери, јадников, собрал некоја ограда у Тафталиџе, и сибал мајката. Се искршил целиот. Среќа шо бил сам у кола и што не наебал некој пешак на тротоар. Ме погледна и со жалење ме праша – Што ти напраиле бе човек? Ко шлепер да ти поминал низ сурат? Џигер те напраиле џандарине? Да сум ја на твое место ќе им опнам тужба и сто иљади евра ќе им барам оштета. Најмалку. Така ќе напраам. – Го гледав, голтав никотин, и му се чудев на паметот. Тој целиот искршен и у гипс, мене ми наоѓа маана што само главата ми беше збамборена од џандари, по грешка, демек. Не реагирав. Што да му кажам? Не оти ќе ме разбере. Уште и ме тера тужба да сум поднел. Хе, а бе сва среќа ако поминам само вака, си реков и тргнав кон прозорецот. Од тука се гледаше онаа проклета трафика, мамицу и јебем. Ќе ја запалам еден ден. Да не ме викаат Пајо ако не ја запалам кога ќе се опраам. А кој ѓавол ме тераше таму да застанам, а? Убаво си појдов накај фурна, тамам ќе отвореше, ќе си земев една симитпогача, два јогурта и ќе чекав да дојде време за на работа. Ама кога шеташ у три сабајле кој може да ти праи друштво, осим ѓаволот? Тоа ти е. И почнав на глас да му го зборам истото што му го зборев на командирот у станица Пролеќе…

Ако после мочањето се вратев у кревет, ќе заспиев ко заклан. Сега, не знам дали беше боље шо си отидов, или, ќе беше боље да останев? Ако останев, кој знае дали уопште ќе се разбудев. Оној нејзиниот “бамбус“ можеше да дојде еден саат порано, и, гарант ќе ме упукаше. А убаво се сеќавам, кога излегов од тоалетот, се задржав у дневна и ги разгледував сликите на полиците. На неколку видов човек у униформа, ама ми стоеше ко војно лице, па си помислив дека овој нејзиниов е воен доктор. Ебиго друже командире, мамурен и не ме интересираше многу да дознаам кој е чоекот, а можев да се доближам и поубаво да ги разгледам сликите, можев да видам дека тој не е доктор. Таа ми кажа сношти, дека мажот и’ бил доктор и дека ноќва е на дежурство, демек, да не сум се плашел. А што и ако вистински беше доктор? Ако се вратеше пред време од дежурство, си помислив, гарант ќе не’ упукаше двајцата? Што барам ја у негов кревет со жена му, а? Ако не ме кокнеше, тогаш ќе се разбудев утре или задутре на Ургентна хирургија. Боље да си идам на време, си реков. Сигурно си е сигурно. И така ти викам…

А и таа спиеше ко топ. Гола ко од мајка родена. Не оти ме сети кога станав и кога си отидов. Кој да знае што се дешавало ноќеска. Ништо не се сеќаам. Каква трафика, какво ограбуење, бе командире, па ја цигариве си ги купив најрегуларно, уште синојќа, пред да идам у кафулено. Пред излегуење, знам дека ја покрив со чаршафот и ја потапкав перницата на која беше мојата глава. Ја измазнив убаво ко никој да не стаил глава на неа. Сто пути разгледав наоколу да не сум оставил некаква трага. Цигариве? Ти кажав бе командире, ги купив пред да се запознаам со госпоѓава. Две кутии меко кратко “Малборо“. Не, неам фискална. Никад не сум зимал сметка коа купувам цигари. Госпожата? Ниту на името можам да и’ се сетам, веруј ми. Седна до мене на шанк, ја погледнав, ми се насмеа, и толку. Не знам ни како се најдов у нејзиниот кревет. Многу испив. И таа пиеше, барабар со мене. Кога се разбудив сабајлево, не знаев кај сум. Не знаев и со кого сум. Дали имало секс? Хе, па растур ме напраи бе командире, куј знае колку време ме превртуеше доле гору. Ама пијан ко клен, никако да ми дојде да свршам. Така беше, и дури после сме заспале, ме разбираш…

Уште у лифт ја ставив цигарата у уста, а запалката нервозно ја превртував у рука. Долу сум, на чист ваздух, конечно. Ми олесна. Пријатно е чувството да поминеш ноќ у туѓ кревет, со туѓа жена, и да излезеш читав, нели командире? Не е заебанција таа работа. Шкрапнав и длабоко повлеков. Уффф, тој вкус на сабајлешен никотин после добар секс, јеботе. Незаменлив. Немаше никој. Ни лево ни десно. Булеваров божем измиен, мокар. Од зад првата кривина уште се слушаше оној резок пискав звук на стар жут фап кој се движи бавно, со млаз од вода која шиба низ две големи писки од напред, а позади, двајца во фосфорни портокалово бели елеци со шмркови у руки ги чистат скопксите улици. Божем ги чистат. Сето ѓубре го фрлаат на тротоарите. Едно исчисти, друго извалкај. Па да, пред да се раздени ќе поминат оние другине, оние со големите метли и со зелени канти на тркалца. Е тие божем ќе го заметат ѓубрето што овие им го натовариле на тротоарите. Првата ја цугнав на пешес пути. Одма запилив друга. Знаеш што командире? Овде стално некој друг ги чисти туѓите срања. Ретки се оние кои признаваат дека ја посрале работата, па да земат да си ја исчистат говнаријата. Еве и оној докторот, не си ја работел жена му ко шо треба, и некој друг му ја превртуе у негов кревет. Сеа бев ја, пред мене можда некој друг, утре куј знае кој. Ебиго друже, ама тоа ти е тоа…


Уште беше вруќ асфалтот. Вчера беше пекол. Ех да удреше дожд. Туку, каде сега, си реков? Лево или десно? Дома? Нема шанси. Што мајка барам дома у ниедно време. Башка ќе ги разбудам децата. Сигурно ќе ја треснам вратата, или ќе бутнам нешто у претсобје. Таков сум, несмасен. За неа? Сеедно ми е. Ако ја разбудев неа, таа ќе ја разбудеше цела зграда викајќи по мене. Ај ќе прошетам. Да, најдобро е да прошетам. Ама каде? Лево, па до каде, ќе видам. Додека раздени скроз. Уште малку и старана водњанска фурна ќе отвори шалтер, до одве мириса. Најдобро да одам натаму, да каснам нешто. Симитпогача, добра е, може. Од вчера немам ставено ништо у кљун. А на хоризонтот веќе се чувствуваше и денот. Доаѓа уште еден жежок скопски ден. Ливче не затреперуваше на гранкиве. Кај и да е, брзо ќе раздени. А да одам десно? Тамам тргнав и застанав. Почнав да идам на другава страна. Навистина ми беше сеедно каде ќе ме раздени. Се потпрев на шалтерот од првата трафика, ја извлеков новата кутија со цигари, ја отворив, само што запалив, ај си реков да напраам еден кус рекапитулар на ноќва што изминуе, ме зграпчија неколкумина дерејќи се на цел глас. Од памет ме извадија. – Полиција, алфи, не мрдај, заврти се и крени ги рацете високо! Ко од земја да изникнаа бе командире? Ај само еден да викаше. Не бе, сите викаа у исто време. Таман сакав да се насмеам и да им речам, од кога тоа за спиење со туѓа жена се апси, кога двајца од овие петорица ме завртеа сосила, ми ги свиткаа рацете додека еден ми ја притискаше главата удолу. Цигарата ми падна од уста, и почнав да викам и да пцујам, дека прават грешка, дека ништо неам напраено, дека сум чист ко суза, ама џабе бе командире, џабе. И еве кај ме донесоа…


Молим? Па ти реков, бе, командире, на ништо не се сеќавам, ниту на нејзиното име. Сеа не знам како да ти кажам, ама според мои критериуми, згодна, црнка, витка, стасита, просечна цицка, не родила до сеа, и така. Мислам вкус е у питање, шо да ти зборам даље. Зградата? Му доаѓа карши Градежните, таму у тие ниските, позади кулите. Средниот влез, на петти. Да, таа лично ми рече дека мажот и’ бил доктор. Барем на тоа се сеќавам. И тоа е тачно. Видов слики од него ама у војничка униформа, ко оваја твојава, мислам, слична на твојава. Како? Па можда била џандарска, кај сум можел да ги видам тие детаљ…, и…!!!??? И камбана ме акна у глава…, му го препознав суратот у тој момент со оној на сликите. Одеднаш се’ ми стана јасно. Само на првиот бокс у сред нос се сеќавам, на ништо друго. А ти сеа ми викаш тужба да сум му бапнел. А бе иди бегај таму. А трафикана, ќе ја запалам, кад тад…

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Миле, дај бокалчето…

      Кога ќе осетиш камче у „Нике“ патика или кожна таљанска ципела, прво што праиш застануеш. ...

      Снежана од Пајко маало… (3)

      Само да не го заборавам писмото. Морам да го оставам на видно место. Ене онде, ...

      Снежана од Пајко маало… (2)

      Сите беа против мене. И времето. Стрелките на ѕидниот часовник почнаа брзо да се движат ...