Новости
Дома » Пишува: Боки Бургија » Значи ти прв му врати, а?

Недела беше, излегуе Перо со точак на пазар, коа оп налетуе на алфи у пун трк док бркаат криминалец со потерница. Перо сасвим случајно, и сасвим ненамерно, буткајќи си го точакот со руки, на ќушов од касапницава се судира со главниов на алфиве, на кој му попречуе путања на трчање со предно тркало а овој у пун налет се акнуе со цела брзина у точак. Паѓаат сите. И џандарот и точакот и Перо. Лежи Перо под точак, збунет, док џандаров стануе, љут на Перота, нервозен, почнуе да го пцуе и да применуе сила. Го вади пендракот од грб и го мава. Перо, онака лежејќи, рефлексно, у самоодбрана, дига нога и го закачуе џандаров у јајца. Овој клекнуе се држи за муда, офка, пцуе и се врти ко дундурек…

После едно пешес дена, го сретнувам, го гледам, едвај иде, и застанав да го прашам што напраил со случајот, дал го тужел џандарот. Ми вика, а бе све живо да им ибам, Боки, ај што ме тепаа на пазар, ме утепаа, ама кога ме однесоа у станица, и будала ме напраива. Како бе Перо? Хе како, па прво ме акнаа у еден подрум и куј знае колку саати дремев у темница. После можда пешес саати некој отвори врата и ми вика, ај со мене, кај инспекторот изјава да дадеш и слободен си. Влагам кај инпсекторов, ми вика дали сакаш адвокат да викнеш или и без адвокат ќе дадеш изјава, а тука уште тројца, а и овој што го акнав у јајца. Викам, не ми треба адвокат пошто сум чист ко суза, дека овој без везе ми се нафрли, и дека без никаква причина ми сменија опис и попис на сурат и дека за тоа ќе барам и оштета и дека ќе го тужам. Добро, ми вика овој инспекторов, ај сеа кажи како беше…?

И почнувам да му раскажувам, и, кога дојдов до јајцата, рипна инспекторов од стол и ме извади од памет мамицу му ибам – Значи ти прв му врати, а? Се сецнав и си реков, Перо, со овие нема договор, бегај док си ваков каков што си, со овие нема ни разбирачка, ембашка можеш уште поише да наебеш, и потпишав изјава у која пишуе дека ја прв сум му вратил, со што и прв сум предизвикал болка кај службено лице, станав и полека тргнав накај дома. Модрициве ми поминаа, ама си го исчашив коленово кога паднав и сеа идам на терапија. Е така заврши таа дешафка…
Абе Перо, јаден Перо, се смеам и му викам: значи ти прв му врати, а?

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Миле, дај бокалчето…

      Кога ќе осетиш камче у „Нике“ патика или кожна таљанска ципела, прво што праиш застануеш. ...

      Снежана од Пајко маало… (3)

      Само да не го заборавам писмото. Морам да го оставам на видно место. Ене онде, ...

      Снежана од Пајко маало… (2)

      Сите беа против мене. И времето. Стрелките на ѕидниот часовник почнаа брзо да се движат ...