Новости

Ова е мој втор текст на блогот. Најпрвин сакам да се заблагодарам на сите кои одвоија време, да го посетат блогот и да ми дадат подршка.

Искрено бев позитивно изненадена од вашата посета и искрено ве гушкам сите.

Денес сакам да ви објаснам зошто баш гушкање?

Каде и во светот да живееме и на кој јазик да зборуваме, гушките сите ги разбираат, гушкањето е нишката која гради доверба меѓу луѓето и ги одстранува разликите помеѓу нив. Гради чувство на сигурност, инстантно ни го подобрува расположението, а потполно е бесплатно.

Во ова време-невреме, како да се оддалечивме едни од други, како да заборавивме на вистинските вредности, заборавивме дека понекогаш една искрена топла гушка може да реши многу недоразбирања.

Знам дека постои меѓународен ден на гушкањето, ама убедена сум дека гушкањето е потребно секој ден, секој миг. Поради тоа ние ќе гушкаме секој ден и секого кој ќе се најде на нашиот пат. Ќе им пружиме топол допир кој може да ги утеши, да им покаже љубов и нежност барем за еден миг да им ја излечи тагата и во моментите на тага се сетат на една топла и искрена гушка од Македонија.

Ова ќе биде нашиот крик кон светот со порака: Луѓе, ајде да се сакаме и почитуваме, животот е премногу краток за омраза.

Сите нас без разлика на вера, боја на кожа и било каква определба не мачат истите работи, солзите исто не болат сите, гушките исто не прават среќни, баш поради тоа што сме различни, а всушност исти, ние во наредниот период со сите ќе се разбираме со гушки, со јазикт на љубовта.

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Кога идејата станува стварност…

      Кога идејата станува стварност…Пред точно една година онака, ќе рече ...

      Силве и Тони го гушнаа Истанбул

           

      Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

      Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го ...