Новости
Дома » Колумни » За москвичот и скопските кампери (1)

Првиот шатор го купивме летото 1966 година у подрумот у Стоковна. Жут, со црвена мушама доле, за четири души. Двајца возрасни и две деца. Беше изложен отворен. Старате не тераше мене и сестра ми да се пикаме внатре за да видиме колкав е, дали ќе не собере четворицата. Марка “Индуплати“, некоја увозна марка, ваљда. Во една вреќа шаторот, во друга, помала, со алуминиумски шипки на расклапање за конструкција и оптегнуење на шаторот, во трета, најмала ем плава, алуминимски колчиња за у земја. На краевите од мушамата имаше алки кои мораа да се заковаат у земја, да не мрда патосот. На задната страна на Стоковна имаше паркинг и скали преку кои директно се влагаше у подрум. Бев копиљ и тој простор ми се чинеше огромен.
Тука се шиткаше и бела техника и намештај и туристичка опрема и електрика и алати и шајки и мајки, се’… Купачи ни купи старата, два дена пред да го зееме шаторот. И гуми од Југопластика и апостолки, јадранки, и една маска за гњурење. Живи радости…

Москвичот 407 мајка ми го товараше два дена. Ја празнеше куќата, бе: ќебиња, чаршафи, јамболии за недајбоже. Татко ми се крстеше и се чудеше, демек, што ќе ти се јамболии летно време, ама џабе, што ќе натовареше таа тоа беше. Вечерта пред поаѓање стариот со најлонски конец ги зацврстуваше душеците за пливање и за спиење врз багажникот, ги покриваше куферите, камп столчињата и масичката, преплетуваше цела мрежа врз душеците, за стабилност, јебига…

У два сабајле, со Господ напред тргаме на Велика плажа, преку Чакор… Мајка ми, уствари, и на гости да отидевме у Скопје, цело време откако ќе тргневме го прашуваше стариот, дали е сигурен дека го исклучила шпоретот откако му сварила кафе сабајлината, а кај Качаник ќе викнеше: „Томе, враќај се, бојлерот…!!!“ Ја и сестра ми се штрецнувавме на задните седишта, стариот ќе ја удреше рачката за ножната кочница, (беше инвалид), и ќе закочеше ко некој да му излетал пред хауба. И чекавме епилог, а Качаник беше далеку, више почнуеше да се разденува. „Ја не се враќам, ако треба нека експлодира бараката, ама враќање нема. И дај не претеруј ебате, нели ти си задужена за тие работи. Си го искључила ама си забраила. Нема враќање продужуеме, ќе не’ фатат горештини на Чакор и кур море…“

Секоја година прикаската беше иста, или слична. Само еднаш се вративме, ама од Генерал Јанковиќ, морално беше. Беше сигурна дека го забравила шпоретот…

Кога рано сабајлечки, во подножјето на планината ќе застаневме да земеме залет и ќе ги видевме серпентините на Чакор, како огромна анаконда се вијугаа нагоре, не’ фаќаше страв. Три пути застанувавме на макадамот, на проширените места, да го ладиме русково чудо кое загреваше ко парна локомотива на секои двеста метри качување. Ги пцуеше стариот Русите, ама тоа беше. Кога ќе се искачевме на врвот, кај планинската дрвена куќичка со широк паркинг, ладна вода и свеж воздух, сите викавме у кола ко нездрави, ко Вардар да дал гол на гости у Београд. Не беше заебанција да го искачиш Чакор со Москвич 407, ем крцат ко брод. Тазе набрани боровинки спакувани во хартиени фишеци, по два комада за секој, ни беше редовна доза кај продавачите на паркингот. Отворена хауба и саат време одмор, па спуштање. Најопасната делница ја поминавме, ко да стигнавме на море.. Кога се појавивме пред рецепцијата на кампот “Нептун“ на Велика плажа више се стемнуваше. Старата одеше да најде место за шаторот, ама со еден тенок стап на кој имаше врзано црвено парталче. Ќе најдеше локација, ќе го забодеше на местото, ко оние на времето у Америка кога обележуеле територија по правилата, кој прв забоде знаме, негово е местото, а стариот ги средуеше документите на рецепција. Прикаската за камперите од Скопје, уствари почна тука и тоа попладне, на 11 јули 1966, пред тачно 50 години…

 

..:: продолжува ::..

 

      Your email address will not be published. Required fields are marked *

      *

      x

      Прочитај повеќе

      Миле, дај бокалчето…

      Кога ќе осетиш камче у „Нике“ патика или кожна таљанска ципела, прво што праиш застануеш. ...

      Снежана од Пајко маало… (3)

      Само да не го заборавам писмото. Морам да го оставам на видно место. Ене онде, ...

      Снежана од Пајко маало… (2)

      Сите беа против мене. И времето. Стрелките на ѕидниот часовник почнаа брзо да се движат ...