Новости
Дома » Пишува: Боки Бургија

Пишува: Боки Бургија

Миле, дај бокалчето…

Кога ќе осетиш камче у „Нике“ патика или кожна таљанска ципела, прво што праиш застануеш. Ако нема клупа у близина, ондак, на прва бандера се потпираш со една рука, вадиш ципела од нога, ја затресуеш, и ако не падне ништо, брцаш прсти од рука и буричкаш у нутра да видиш што е тоа што те дупчи, расчистуеш терен, враќаш ципела ...

Повеќе.. »

Снежана од Пајко маало… (3)

Само да не го заборавам писмото. Морам да го оставам на видно место. Ене онде, на наткасната пред огледалото. Таму ќе го видат сигурно. И ќе го прочитаат. Сестра ми ќе се радува, знам. Мајка ми ќе плаче. И тоа го знам. Стариот? Не знам. Го отворив, „Кога ќе го читате ова писмо јас ќе бидам далеку. Ако утре ја ...

Повеќе.. »

Снежана од Пајко маало… (2)

Сите беа против мене. И времето. Стрелките на ѕидниот часовник почнаа брзо да се движат кон закажаниот термин. Одеа заедно со облаците… Снежана? Хе, од далеку го заробуваше сечиј поглед. Се движеше како луксузна јахта во монденска марина, достоинствено, грациозно, сигурно, самоуверено. Ги сопираше воздишките кај машките, ги замрзнуваше погледите кај женските. Не можеш да не застанеш и да ја ...

Повеќе.. »

Снежана од Пајко маало… (1)

Некаде над Матка, светна. Опцув на глас. Сега ли најде. Чим доаѓа од таму, ќе истури. Кај и да е, ама брзо ќе дојде до Скопје. Задоцнето се слушнаа пригушени татнежи од небото. И ќе грми. Тибам среќата. Баш сега кога ја имав резервирано најубавата маса у “Опатија“, во најубавата летна бавча во Скопје. Таа, јас, вино, тивка музика, танго, ...

Повеќе.. »

Трафикана, ќе ја запалам, кад тад…

Го ѕиркав као низ клучалка од отворот на левото око. Другото ми беше скроз затворено со завој. Целата глава ми беше превиткана у завои. Само устата слободна за да дишам, а кај левото око тесен отвор за да можам да гледам по малку. Не чувствував болка, а кога го видов скршениов карши мене како пуши со сласт, му побарав цигара ...

Повеќе.. »

Значи ти прв му врати, а?

Недела беше, излегуе Перо со точак на пазар, коа оп налетуе на алфи у пун трк док бркаат криминалец со потерница. Перо сасвим случајно, и сасвим ненамерно, буткајќи си го точакот со руки, на ќушов од касапницава се судира со главниов на алфиве, на кој му попречуе путања на трчање со предно тркало а овој у пун налет се акнуе ...

Повеќе.. »

Зариба Моско на “Топлиќ“… Скопските кампери (3)

Главна тема на зезанции во кабината на москвичот беше средбата на мајка ми со нудистите во кампот „Црвена главица“. Кој на мајка му во таа ‘66 година во СФРЈ можел да претпостави дека нудистите остварувале свои права и слободи, па добиле и свои кампови на Јадран. Иако на Велика плажа, ние копиљаана, одевме со километри накај Бојана да ги видиме ...

Повеќе.. »

Ауто камп „Црвена главица“ (2)

Прв пат се соочивме со камперската солидарност, хуманитарност и кооперативност. Само што го паркиравме москвичот на местото кое претходно мајка ми го обележала со знаменце, четворицата застанавме да ја разгледуваме и локацијата и околината, а веднаш, со онолкави насмевки не’ пречекаа соседите. Едни потрчаа по столчиња, други ни донесоа ладно овошје, сокови, вода, трети веќе го беа ставиле ѓезвето на ...

Повеќе.. »

За москвичот и скопските кампери (1)

Првиот шатор го купивме летото 1966 година у подрумот у Стоковна. Жут, со црвена мушама доле, за четири души. Двајца возрасни и две деца. Беше изложен отворен. Старате не тераше мене и сестра ми да се пикаме внатре за да видиме колкав е, дали ќе не собере четворицата. Марка “Индуплати“, некоја увозна марка, ваљда. Во една вреќа шаторот, во друга, ...

Повеќе.. »