Новости
Дома » Гушки од МК

Гушки од МК

Силве и Тони, заминаа да го гушнат светот!

Нашите гушкачи Силве и Тони, тргнаа на пат да го обиколат и да го гушнат светот!      Брачната двојка Митреви тргна на пат околу светот Авантурите за кои мечтаеле како деца, решија да си ги остварат, но, велат целта им е да ја промовираат Македонија и Македонците секаде каде што ќе се упатат…    

Повеќе.. »

20 Јуни 2018 плоштад “Јадран“ Скопје од 11 до 12 часот

По речиси една година напорни подготовки, брачниот пар Силве&Тони, тргнуваат во реализиција на својот несекојдневен проект. Ќе тргнат во една бесконечно мирољубива и добронамерна акција да го заобиколат светот со својот мотоцикл, за воедно и да го гушнат. Преку нивната идеја ќе ја пренесат мирољубивата порака од Македонија. Како што им е познато на оние кои ги следат, Силве&Тони, минатата ...

Повеќе.. »

Струмица го гушна светот

На крајниот југоисток на Република Македонија, веднаш под тромеѓето на меѓудржавните граници со Бугарија и Грција, сместена е плодната Струмичка котлина, а во неа и истоимениот град Струмица. Постојат повеќе легенди кои ги раскажуваат жителите, но легендата за убавата Струма е најраскажувана од жителите на овој град. Повеќето Струмичани веруваат дека нивниот град е крстен по една прекрасна млада девојка ...

Повеќе.. »

Ресен го гушна светот

Во југозападниот дел од Македонија, во Преспанската котлина, опкружено со високи планини, се наоѓа градот Ресен. Преспанското езеро, Националните паркови Галичица и Пелистер, му даваат на овој дел од Македонија, посебна убавина. Ресен и исто така познат и како градот на јаболката и градот на „Версајскиот дворец„ Во градот се наоѓа еден од најрепрезентативните објекти во Македонија граден во неокласичен ...

Повеќе.. »

Жељан Ракела со подршка за “Гушни го светот”

Благодарност до Жељан Ракела, Хрватскиот легендарен авантурист, кој што ја презакажа презентацијата на својата книга, 300.000 км. мото авантура, за да дојде и да им даде совети и подршка на нашите Силве и Тони.      

Повеќе.. »

Гостивар го гушна светот

Град во западна Македонија, во јужниот дела на полошка котлина. Градот претставува типична мултикултурна средина, во која живеат скоро сите националности во Македонија. Според Марко Цепенков, Гостивар бил метув на манастирите од Сува Гора (планина источно од градот) каде што се гоштевале многу свештеници, патници и намерници. Поради тоа богато гоштевање метувот го добило името Гостивар. Има и легенда која вели дека доаѓа ...

Повеќе.. »

Демир Капија го гушна светот

Демир Капија (Железна врата или железна порта на турски) е гратче кое се наоѓа пред познатата Демиркаписка клисура од левата страна на реката Вардар. Демир Капија е важна железничка станица и се наоѓа непосредно до меѓународниот автопат. Историското минато на Демир Капија е поврзано со познатата Демиркаписка клисура, место од каде почнувале и завршувале многу воени походи, место кое во различно време било граничник на ...

Повеќе.. »

Силве и Тони со гостување на МРТВ

Гушни го светот, односно Силве и Тони со гостување на Македонската Радио Телевизија. Прекрасно дружење и поминато време со Кристина, во емисијата Македонија наутро.    

Повеќе.. »

Кичево го гушна светот

Градот Кичево се наоѓа во подножјето на планината Бистра и Стогово, во Кичевскатата котлина. Народните легенди го објаснуваат денешното име на градот Кичево. Една постара легенда името на Кичево го поврзува со тврдината што ја изградил Волкашин на ќерка му Кита над градот. Како што раскажува легендата, Китино кале е причината поради која што постои и Кичево. Името „Китино“ го ...

Повеќе.. »

Прилеп го гушна светот

Во северниот дел на Пелагониската котлина, сместен е градот Прилеп. Прилеп е познат и како градот под Марковите Кули, поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко. Постојат повеќе преданија за потеклото на името на градот Прилеп. Едното од нив вели дека кога луѓето почнале да се населуваат во овој предел, ги прилепувале своите куќи до Марковите кули ...

Повеќе.. »